Мицотакис се согласува со ставот да нема раздвојување на европерспективата на Македонија и Албанија
Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување.
Ова го кажал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.
-Земјите од Европската унија ќе го оценат текот на двете држави од западен Балкан и соодветно ќе се одлучат следните чекори. Се согласуваме со ставот што преовладува во Европа дека не треба да има раздвојување (decoupling), рекол Мицотакис пред грчките новинари.
Грчката новинска агенција АНА-МПА додава дека „Заев бара да постои различен третман бидејќи смета дека неговата земја ги исполнува сите предуслови, независно од тоа што ќе се случи со Албанија“.
Слично
