Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС: На официјалните состаноци на сите лидери на НАТО, Мицкоски го користеше уставното име

МИЦОТАКИС: На официјалните состаноци на сите лидери на НАТО, Мицкоски го користеше уставното име

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека премиерот Христијан Мицкоски, на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО, го користел уставното име на државата, за време на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, објави Глас на Америка.

Мицотакис кажа и дека ги информирал колегите во НАТО оти Мицкоски не го спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Северна Македонија да го употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

Мицкоски во изјавата на Самитот на НАТО ја нарече државата Македонија, и во сите објави на социјалната мрежа Икс го користеше старото име на државата. Тој јавно во Вашингтон официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Новинарите го прашаа Мицотакис дали грчката Влада размислува да ги искористи одредбите од членот 19 од Договорот од Преспа, кој предвидува конкретна постапка во случај да се констатираат прекршувања.

„Имав можност да ги информирам моите колеги за фактот дека премиерот на Северна Македонија избра да не го спроведува клучниот член од договорот во врска со употребата на ерга омнес и неговата одлука да ја нарекува неговата држава „Република Македонија“ дома, што очигледно е изречно забрането со договорот. Секако, сакам да истакнам дека во просторијата и во присуство на сите лидери на НАТО, тој не ја следеше оваа тактика и го користеше уставното име на својата земја“, изјави Мицотакис.

Тој кажа дека во овој момент Грција „нема да го открие оружјето со кое располага за да одговори на тактиката на лидерството на соседната земја“, но додаде дека вака или онака тоа ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна.

„Договорите мора да се чуваат. Тоа е нешто што го истакнав вчера на Пленумот на НАТО и тоа е нешто што, мислам, го разбираат и сите наши сојузници. Сакаме Северна Македонија да преземе чекори кон европски пристап. Тоа, сепак, претпоставува почитување на меѓународното право и почитување на договорите што земјата очигледно ги има потпишано“.

Глас на Америка

Фото:Фејсбук

Слично

Поврзани вести