Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС: Името Северна Македонија мора да се користи секаде, и во внатрешноста и надвор

МИЦОТАКИС: Името Северна Македонија мора да се користи секаде, и во внатрешноста и надвор

Името Северна Македонија мора да се користи секаде, и во внатрешноста и надвор, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. 

„Кога слушам дека новата Влада на Северна Македонија во внатрешноста на земјата се нарекува Република Македонија, тогаш сериозно сум загрижен и секако тоа е прашање што сакам да го покренам. Не е конструктивно, не помага на европскиот пат на Северна Македонија и е непотребна компликација“, рече Мицотакис за време дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис вели дека „Северна Македонија сега е земја-членка на НАТО бидејќи Грција го тргна ветото по Договорот од Преспа“, објаснувајќи дека е договор потпишан од претходната Влада, но го почитува бидејќи е „меѓународен договор што ја обврзува земјата“.

Oткако претседателката Гордана Сиљановска - Давкова даде заклетва без придавката „Северна“, Грција почна да реагира. 

Слично

Поврзани вести