Економија, финансии, бизнис

Контакт

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за неделното издание на солунскиот весник „Македонија“, ја повика новата претседателка Гордана Силјановска Давкова „да избегне слични нелегални и провокативни“ избори и порача дека ратификацијата на трите меморандуми зависи и од тоа колку другата страна ќе се покаже доследна до меѓународните обврски, јави дописничката на МИА од Атина. 

Додаде дека „не беа случајни брзите реакции“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но и од САД. 

„Од наша страна ја повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни избори, за кои, секако, категорично изјавуваме дека нема да ги прифатиме. Се подразбира дека европскиот тек на Скопје зависи од искреното почитување на договореното. Затоа, раководството на Северна Македонија мора да сфати дека од пријателството со Грција, може да има само корист“, изјави грчкиот премиер. 

Во интервјуто за неделното издание на солунскиот весник, Мицотакис се осврнува и на трите меморандуми со нашата земја и на одлуката на СИРИЗА да ги донесе во Парламентот, коментирајќи дека е „неприфатливо грчките сили да предлагаат нешто што воопшто не го ни предлага другата страна“. 

„Повторно да појаснам, очигледно дека ќе го почитуваме договореното со меѓународен договор. Но, гласањето на меморандумите зависи и од другата страна. А главно од тоа колку доследна ќе се покаже во меѓународните обврски. Значи, очекуваме да се придржува до договореното. А ние како држава која има континуитет и доследност, соодветно ќе го сториме предвиденото“, рече Мицотакис. 

Потсети дека Нова демократија како опозиција не го поддржа Договорот, но и дека уште тогаш потенцираа дека од моментот кога ќе се изгласа е обврзувачки за земјата. 

„Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција“, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во денешното интервју за грчкиот весник „Реал њуз“,  јави дописничката на МИА од Атина.

Грција претходно се закани со вето ако Македонија не го почитува Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести