Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

МИЦОСКИ: Да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за колективната цел

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека треба да се воведат механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел. 

Во Собранието на Македонија денеска се одржува редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации. Состанокот со свои обраќања го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и шефот на Делегацијата Драган Ковачки.

„Нашата татковина во многу наврати ја докажа својата солидарност со останатите држави во светот. И во својот трнлив пат до целта направи многу отстапки, многу одрекувања, и многу од нив наидоа на дебата кај граѓаните, некои внесоа оправдано сомневање, но истраивме и ја покажавме својата лојалност кон вредностите кон кои и понатаму веруваме. Од друга страна не секогаш нашата татковина го добивала она што го очекувала, и таквата лојалност спрема нашите заложби се исполнувала. Тоа е чувството кое го има секој еден кон нас и секој еден граѓанин. Мислам дека е важно да се знае ова, ниту пак треба да се сокрие ова горко чувство кај секој еден Македонец“, изјави Мицкоски. 

Вети дека земјава ќе остане лојален партнер. 

Слично

Поврзани вести