Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш?“ Арсовска возвраќа

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш?“ Арсовска возвраќа

Откако Влада побара од МВР да се испита случајот со ѓубрето и можен криминал во ЈП Комуална Хигиена, а ОЈО веќе најави deka ќе го проверува работењето на претпријатието, се огласи Данела Арсовска преку Град Скопје.

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш? Те велича  Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.

За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)

За ѓубрето низ Скопје се одговорни ТВОИТЕ градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.

За ѓубрето низ Скопје е одговорно ТВОЕТО министерство за здравство, кое МИЛИОНИ му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?

По корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес“, се вели во соопштението испратено до медиумите.


Слично

Поврзани вести