Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицковски најави победа на 15 октомври и нова ера

Мицковски најави победа на 15 октомври и нова ера

Голема победа на локалните избори најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на промоцијата на кандидатите за градоначалници. 

Рече дека на граѓаните им требаат промени и сигурност. 

„Ние ќе ги донесеме промените кои и требаат на нашата татковина и кои граѓаните сакаат да ги видат, во наредниот период со гордо кренати глави и отворени срца и сигурен план ќе ги посетиме домовите, куќите и плоштадите и ќе кажеме дека имаме јасна визија во новата ера“ - вели Мицковски. 

 Тој повика на сплотеност за остварување на овие цели и за победа на според него „неспособната власт од СДСМ“.

„На 15 октомври победуваме, а на 16 октомври бараме предвремени парламентарни избори. Ќе кажеме дека имаме план за новата ера. Конкретна програма, прецизно и одмерено ветуваме, секој проект е решение кое е потребно на граѓаните. Образованието е најважен темел и затоа ќе изградиме 331 училиште, повеќе од 135 градинки“ - изјави Мицкоски. 

Најави и 412 проекти за канализациони системи, изградба на 308 проекти за водоводни проекти и мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува конвенцијата за претставување на кандидатите за градоначалнци. Слоганот на партијата е „Новата ера почнува“.

Слично

Поврзани вести