Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицковски ќе ги поддржи реформите на Заев, но за возврат има едно барање

Мицковски ќе ги поддржи реформите на Заев, но за возврат има едно барање

Поддршка за реформите на владеачката партија денеска понуди лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој за возврат од премиерот Заев побара Законот за јазици да се повлече од собраниска процедура.

Мицковски вели дека ако Заев е уценуван за Законот за јазици, тие се спремни да ја поддржат Владата само за да не се изгласа неуставниот закон.

„Имам две работи да му порачам во моментов на господинот Зоран Заев. Првата е, ако чесно и мисли добро на Република Македонија и ако навистина се декларира како реформски политичар и политичар кој што има примарна цел за реформите, тогаш да продолжиме со процесот на реформи, бидејќи тие се вистинскиот приоритет за развојот на Република Македонија. Ако господинот Зоран Заев има концесија, еве ние како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, му стоиме на располагање, и ако е уценет преку таа концесија дека ќе му се распадне Владата и ако има „дил“ за да остане Владата, еве ние како ВМРО-ДПМНЕ му се нудиме, со нашите парламентарни пратеници да ја поддржиме оваа влада во сите овие реформски процеси под еден услов, да го тргне Законот за јазици од собраниската процедура. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Владата на господинот Зоран Заев во носењето на сите реформски закони, безусловно, бидејќи иднината на оваа држава е во реформите“, вели Мицкоски.

Слично

Поврзани вести