„МИЦКОВСКИ ЈА ПРОПУШТИ ШАНСАТА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА Е ПРЕМИЕР НА СИТЕ, ТРЕБАШЕ ДА ЈА НАПУШТИ САЛАТА“: Османи со остра реакција за натпреварот во Куманово
Бујар Османи од ДУИ, остро реагираше на присуството на премиерот Христијан Мицкоски на натпреварот во Куманово помеѓу Македонија и Романија, на кој, според него се скандирало против Албанците.
„Скандирањата за „смрт на Шиптари“, за „гасни комори“, за „чиста Македонија“ пред бројна Владина делегација предводена од Премиерот претставува скандал сам по себе на кој треба сите да реагираат. Отсуството на реакција, пак, од самиот Премиер, и од Владата, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.
Мицковски ја пропушти шансата да покаже дека е Премиер на сите граѓани, и дека барем симболично е загрижен за навредите и заканите испратени кон Албанците во земјава. Тој требаше веднаш да ја напушти салата, или во најмала рака, преку реакција на социјалните мрежи, да ги осуди овие скандирања; пропушти и Владината служба формално да испрати реакција од страна на Владата, за која, пак, сме виделе дека има капацитет да произведува и серија соопштенија за најмали потреби.
Овој скандал на трибините во Куманово не преставува изолиран случај, туку уште еден во низата преку кој Власта ја поттикнува, или во најмала рака, ја нормализира антиалбанската реторика во општеството. Да се потсетиме само на случајот со Богевски, коалицискиот партнер кој исто така се прослави со навреди и понижувања на Албанците, а беше награден и подоцна заштитен од самиот Премиер.
Ова се опасни и загрижувачки тенденции, и оние кои ѝ мислат добро на земјата не треба да ги толерираат овие испади, туку треба јасно и недвосмислено да ги осудат“, напиша Османи.
Слично
