Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицковски: Било кој да застане на чело на партијата ќе го порази Заев

Мицковски: Било кој да застане на чело на партијата ќе го порази Заев

Христијан Мицковски пред вечерашниот состанок на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не е исклучена можноста тој да седне на претседателското столче. 

„Било кој да застане на чело на партијата јас сум сигурен и убеден дека тој во иднина ќе го порази Зоран Заев и ќе ја предводи македонската Влада“- вели Мицковски. 

Оставката на Никола Груевски ќе биде прифатена денес, бидејќи тој ја најави како неотповиклива, изјави Антонио Милошоски пред одржување на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва.

Тој најави дека денеска ќе се утврди дневниот ред на конгресот кој што е закажан на 23 декември. Милошоски најави дека денес ќе се утврди и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.

Слично

Поврзани вести