Мицкоски: Во вториот круг да ја победиме оваа хотел коалиција
Доаѓа ново време, нова реалност и ќе бидеме заедно се до конечна победа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на прес конференција.
„Победивме во цело Скопје и Скопје е повторно вмровски град. Победивме во Гази баба, Ѓорче Петров, Буител, Аердром, Кисела вода, Битола, Штип, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Кичево,Кочани, Виница, Охрид. Ајде заеднички во втор круг да го поразиме Зоран Заев, да ги поразиме, рече Мицкоски.
За Силјановска Давкова рече дека е принципиелна, дека е борец и дека гарантира вистинска иднина.
„Затоа ве повикувам, ве замолувам и да ја поддржиме идниот претседател на Македонија, Силјановска Давкова. Македонијо вечерва славиме, од утре повторно на терен, дури не те ослободиме, рече Мицкоски.
