Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Во март Владата да ги плати каматите на кредитите за граѓаните и за фирмите

Мицкоски: Во март Владата да ги плати каматите на кредитите за граѓаните и за фирмите

Има низа недоследности и пропусти, а ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи ситуацијата со коронавирусот, рече денеска лидерот Христијан Мицкоски. Предложи низа мерки за заштита и за олеснување на последиците врз економијата. Бара Владата да прогласи кризна состојба во цела држава.

Мицкоски побара итно да се набават антисептични средства и да се постават на јавни прометни места, државата односно владата да обезбеди бесплатни маски и ракавици за граѓаните и да се формира стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други превентивни помагала. 

„Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус, и тука освен здравствените работници, под ризик се и работниците на градилиштата, работниците во јавниот сообраќај, шалтерските работници и редица други професии чија што работа подразбира контакт со лица. Предлагаме редуцирање на работата на државната администрација, половина од администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи, со тоа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот. Предлагаме зголемување, т.е. удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот, рече Мицкоски. 

Бара да се дава еднократна парична помош и целосно бесплатно лекување за заболените од вирусот. ПОкрај ова даде и некои економски мерки за месец март. 

„Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот. Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот. Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите. Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори, рече Мицкоски.

Слично

Поврзани вести