Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски зборува за постигнување на мнозинство од 61 пратеник, за СДСМ тоа се лаги

Мицкоски зборува за постигнување на мнозинство од 61 пратеник, за СДСМ тоа се лаги

ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа денеска лидерот Христијан Мицкоски, секојднево работи на постигнување на мнозинство од 61 пратеник за да се постигне распуштање на оваа Влада.

„Правно треба 61 пратеник да крене два прста во Парламентот и на тој начин да се распушти оваа Влада и да се закажат евентуално нпви предвремени парламентарни избори. На друг начин, за жал, не можеме. На методологијата како да дојдеме до 61 пратеник, секојдневно работиме на тоа. Кога ќе имаме мнозинство од 61 пратеник, ќе ја информираме благовремено македонската јавност“, рече Мицкоски.

Не сака да открива детали затоа што се работи на ново парламентарно мнозинство, во кое, тврди, е опфатена и пратеничката група на СДСМ.

Од СДСМ велат дека во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец. 

„Папагалското повторување на лагите нема да му донесе ништо освен нов пораз. Ако Мицкоски навистина овие четири години секој ден работел на ново мнозинство тоа се 1 460 лични досегашни неуспеси на Мицкоски. Со ваквиот негов пристап Мицкоски треба да знае дека уште долго ќе заспива и ќе се буди со помислата на премиерот Зоран Заев“, истакна Стефан Васев од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ извесно време ја заговара идејата за постигнување на мнозинство од 61 пратеник. 

Слично

Поврзани вести