Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски засега без коментар на предлогот на Заев за заедничка Влада

Мицкоски засега без коментар на предлогот на Заев за заедничка Влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во самоизолација поради тоа што е позитивен на коронавирусот, уште нема одговор, барем јавно, на понудата од премиерот Зоран Заев, заедно да формираат влада двете партии, по примерот на Германија.
Затоа, пак, има сериозна критика што земјава уште не успева да набави вакцини.
„И Кенија, Руанда, Судан… вчера набавија 2,5 милиони вакцини, а фрижидерите на Заев и Филипче и натаму се празни!

Во Македонија се умира како никогаш, никогаш до сега. Три илјади и сто граѓани на Македонија со своите животи ја платија неспособноста на Владата на Зоран Заев“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
А всушност ова е дел од пресконференцијата што на таа тема ја одржал Влатко Ѓорчев.
Се очекува во текот на денот партијата да се произнесе за оваа идеја на нивниот политички ривал, за што вреди да размислат, со оглед што во спротивно ќе бидт во опоицја уште три и пол години.

Слично

Поврзани вести