Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Заев само уште 13 дена е премиер, може ќе го видиме со чанта „Луј Витон“

Мицкоски: Заев само уште 13 дена е премиер, може ќе го видиме со чанта „Луј Витон“

Само уште 13 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. Тоа значи еден чекор кон целта, а тоа е конечниот крај на оваа власт, што ќе значи победа на народот. То доаѓа за три ипол месеци од денес.

Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот собир во Скопје, насловен „Обновата доаѓа”.

Мицкоски е сигурен во победата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Излегува народот, македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои се креваат, а Македонецот кога бил сложен и обединет поместувал планини. Така ќе биде и овој пат. 12-ти април лето господово 2020-та година е тој ден, денот на одговорот. Македонскиот референдум, нашиот 8-ми септември. Денот „Д“ кога народот одлучува. Таа одлука значи само едно, победа на Македонија, заедничка, силна, исправена победа“, рече  Мицковски.

Пред огромен број членови, тој нагласи дека го знае одговорот на проблемите на народот, а „денот поминат на власт на СДСМ значи повеќе пари за Заев, а за народот поголема сиромаштија“. Рече дека Заев и СДСМ се плашат од поразот и затоа троши пари на реклами.

„И фрлаат пари на спотови затоа што не им оди работата, затоа што ги има фатено таква паника од пораз што можеби еден ден ќе го видиме Заев со прочуената „Луи Витон“ ташна како дели пари. Не заборавајте сигурно тие пари ќе бидат фалсификувани бидејќи не му се троши од купот кој го направи овие години“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој ветува дека кога ќе дојдат на власт, се ќе биде поинаку. „Прво што треба да се направи е треба да го почитува моралниот кодекс. И секој кој е во мојот тим мора да го почитува народот и нему ќе му слугува. Дека секој што ќе се огреши ќе одговара и ќе се оградиме од оние кои грешат. Тоа е нашиот долг кон народот. Не смееме да го повторуваме минатото, без оглед чија лента сееме пред прожекторот на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ“, рече Мицкоски.


Слично

Поврзани вести