Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Заев практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, да нема СЈО, да се формира ново обвинителство

МИЦКОСКИ: Заев практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, да нема СЈО, да се формира ново обвинителство

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во интервју за порталот Република вели дека Заев практично го прифатил предлогот на  ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамките на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал.

„Предлогот на власта не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување на обвинителство кое ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод“, наведува Мицкоски.

Мицкоски исто така во интервјуот истакнува дека обвинителката Вилма Рускоска е избор на Заев, и дека премиерот сакал една Катица Јанева да замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска, обвинителката според партијата не е прифатлива за шеф на Новото Јавно Обвинителство.


Слично

Поврзани вести