Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Заев нема квалитетен кадар за да го замени постоечкиот

Мицкоски: Заев нема квалитетен кадар за да го замени постоечкиот

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Независен“ меѓудругото рече дека бадијала премиерот Зоран Заев најавува „метла“ кога нема свеж и квалитетен кадар кој би бил замена.

„Овој истиот човек пред неколку месеци нè убедуваше дека ако ги смени тие луѓе ќе нема со кого да работи, а сега вели дека ќе игра метлата. Еве, да претпоставиме дека ќе има редовни парламентарни избори и дека има уште една година до нив. Кој е тој квалитетен човек кој знае дека Заев е опкружен со криминал, непотизам… а сепак ќе му се придружи – сега кога сите знаат дека завршило неговото време и дека ќе треба да одговараат. Тој само грчевито се држи за функцијата за да може да врват тендерите во четири очи и за да може да води политики по принципот на Мирче Свињарникот. Вие сте веќе две години на власт и, наместо да ги решите тие слабости, вие ги продлабочивте“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека неговата партија има и план како да се реформира и судството во што Владата на Заев затаила на тоа поле и не ги дала очекуваните резултати.

„Тие се заробени во минатото, а ние имаме вистински план – како да се реформираат судството и обвинителството, затоа што тоа е есенција за подобра економија, за повеќе пари во буџетот, за повеќе субвенции. Имаме јасна визија како Македонија треба да изгледа за 10 години, како да биде технолошки тигар на Балканот и чекориме по тој пат. Не реков јас дека е од вчера. Ама нели викаа дека имаме „сваровски-судство“ и дека имаат решение за тоа. И народот ги изгласа. Се сеќавате дека Заев предводникот бојадисуваше и мачкаше згради – немало правда, немало мир… Две и пол години потоа судството не само што не е реформирано туку е отворено како пупка“, тврди претседателот на најголемата опозициска партија.

Слично

Поврзани вести