Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Заев ми нудеше пет министерски места за поддршка на промена на името

Мицкоски: Заев ми нудеше пет министерски места за поддршка на промена на името

После 5 часа ми рече, ајде еве ти влези во владата и бирај кои сакаш 5 министерства само прифати го договорот, изјави синоќа во Битола, Христијан Мицкоски зборувајки за средба со премиерот Зоиран Заев, на кој акако што вели му било нудено да влезе во Влада за да гласаат за уставните измени. Мицкоски рече дека му одговорил дека има образ и достоинство и дека то анема цена.

„Ова не го работам ниту за пари ниту за моќ, не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава и твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, затоа не го лажи народот и кажи ја вистината. Нудеше и те одбивме затоа што не сакавме да бидеме соучесници во капитулацијата, затоа што ја одбравме страната на народот од прв ден до последен ден денешен , така ќе биде и во иднина, рече Мицкоски.

Тој побара техничка Влада веднаш после претседателските и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен.Од битолчани побара поддршка за Гордана Силјановска Давкова. 

Слично

Поврзани вести