Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Заев ги излажа родитеите за Смилковско

Мицкоски: Заев ги излажа родитеите за Смилковско

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, синоќа од Штип, каде што присутвува на 29-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на опозициската партија во овој град, му порача на премиерот Зоран Заев дека ги излажал родителите на убиените деца од Смилковско езеро давајжи им лажна надеж дека ќе ја дознаат, како што вели тој, наводната вистина.

„Ако одевме по сите лажни вести кои се кажани од овој човек денес сè уште требаше да веруваме дека Македонија веќе една година преговара со ЕУ зашто според Заев уште минатата есен славевме по плоштадите, луѓето веќе ги полнеа паричниците со минимум 500 евра плата, а редици се чекаат за вработувањата кои ги нудат Гугл и Фејсбук. А ако на премиерот Зоран Заев, му паѓа вистински тешко од лажните вести, тогаш сигурен сум дека на родителите на децата убиени кај Смилковското езеро уште потешко им паѓаат лагите кои Заев им ги кажуваше, седеше до нив, ги гледаше во оли и им ветуваше дека тој е тој кој знае кои се вистинските убијци и дека вистинските убијци не се тие кои ги ослободи зашто се пазареше за нивната слобода. А таквите лица и погледот на родителите од Смилковско останаа. А надежта не умира, а таа надеж ние имаме долг да ја вратиме“, изјави Мицкоски.

Инаку, околу 38 илјади прислушкувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот „Монструм“ за случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро ќе започнат да се објавуваат од 5 септември во судница. Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО на едно од последните рочишта информираше дека по завршувањето на овој дел од постапката каде како дополнителни докази ќе бидат претставени нови вештачења од 31 телефон, судењето ќе предложи со изведување на аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ. Фетаи потврди дека во судницата ќе бидат презентирани сите материјали кои до СЈО ги достави СДСМ, 



Слично

Поврзани вести