Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ: Кој може да ни гарантира дека ова е последно?

МИЦКОСКИ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ:  Кој може да ни гарантира дека ова е последно?

Премиерот Христијан Мицкоски прашува кој ќе гарантира дека вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе биде последниот услов за почеток на преговорите со Европската Унија(ЕУ) и чии права се повредени ако 14 пресуди на судот во Стразбур за Македонците во Бугарија не се спроведени. 

„Ние нема да можеме да почнеме преговори ако не вметнеме неколку стотини наши граѓани во Уставот, што ќе значи дека тие се дел од бугарското малцинство во државата. Но, дали е ова последно? Кој може да ни гарантира дека ова е последно? Во ред, ние немаме одговор на тоа прашање“, вели Мицкоски.

На самитот на НАТО се и бугарската и грчката делегација предводени од премиерите Димитар Главчев и Кирјакос Мицотакис. Иако билатералните прашања и темите поврзани со ЕУ не се дел од агендата на НАТО самитот, Грција нема да ги заобиколи. 

Слично

Поврзани вести