Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за трагичниот 11 март и за протераните македонски Евреи: Денешниот ден е еден од најтажните денови во македонската историја

Мицкоски за трагичниот 11 март и за протераните македонски Евреи: Денешниот ден е еден од најтажните денови во македонската историја

Холокаустот или масовното систематско убивање на околу шест милиони евреи за време на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим предводен од озлогласениот Адолф Хитлер остави големи траги врз човештвото. 

Денес се одржаа маршови на неколку места во Македонија во чест на протераните македонски Евреи во Треблинка.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со трогателен статус за протераните македонски евреи пред 75 години.

„Денешниот ден е еден од најтажните денови во македонската историја. 
Пред 75 години на 11ти март започнала депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, 7144 наши сограѓани го започнале својот пат без повраток. Македонскиот пример е особено ужасен и болен, ликвидирани се 98% од припадниците на Еврејската заедница, од кои дури 50% биле деца. Еврејските маала во Битола, Штип и Скопје останале празни, останале празни куќи и домови, а ние сме останале без нашите сограѓани, соседи и пријатели. 
Само документите и неколкумина преживеани остануваат да бидат единствениот сведок за траорната судбина на овие луѓе. 
По повод 75 годишнината од депортирањето на македонските Евреи би сакал да оддадам почит и жалење за она на кое што Еврејската заедница во Македонија била подложна во минатото. Не смееме никогаш да го заборавиме плачот и тагата на овие семејства и нивната голгота. Нека останат во меморијата на македонскиот народ и никогаш да не се повторат. 
Слава им!“-напиша лидерот на својот фејсбук профил


Слично

Поврзани вести