Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за Реџепи: Aко беше слободен, ќе се појавеше во Собранието и ќе се изјаснеше

Мицкоски за Реџепи: Aко беше слободен, ќе се појавеше во Собранието и ќе се изјаснеше

Не знаеме дали е киднапиран против своја волја, ако беше слободен, ќе се појавеше во Собранието и ќе се изјаснеше, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски за непојавувањето на пратеникот Кастриот Реџепи на седница.

„Ова е голем срам за демократијата. Ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, ова е голем срам и ако се потврди дека пратеникот е држен некаде против своја волја ми предизвикува гадење и жалам што сите треба да бидат дел од ваков срам.Жалам што се случува овој циркус и жалам за ова што се случува во македонското Собрание. Овие методи на СДСМ и ДУИ се познати“ , рече Мицкоски.

Вели дека ова се методи како оние од 16. и 17. век. 

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села се сомнева дека пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи против своја волја не дошол во Собранието.

Слично

Поврзани вести