Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Премиерот Христијан Мицкоски за реакцијата на грчкото Министерство за надворешни работи за името, кажа дека нема да прифати цензура кога станува збор за неговите чувства и правото на слободен говор.
„Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани. За мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што мислам“, изјави Мицкоски.
Грчкото Министерство за надворешни работи пред два дена реагираше за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој тврдеше дека го „вратил името“ на Македонија бидејќи и лидерот на СДСМ, Венко Филипче почнал да ја нарекува така земјата наместо Северна Македонија.
фото принтскрин
Слично
