Мицкоски за прв пат во Собрание
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прв пат се појави во Собрание и седнува на пратеничката фотелја. Денеска на дневен ред е првата седница на новиот парламентарен состав.
Тој во изјава за медиумите порача дека очекува од сите потписници поддршка за Африм Гаши да биде претседател на Собранието.
„Па очекувам од сите оние кои се потпишани позади поддршката за Гаши да биде претседател на Парламентот“, вели Мицкоски.
Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.Мицкоски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017, но досега не бил пратеник.
Слично
