Мицкоски за предметот за пожарот во Кочани: Се воздржувам да коментирам, оставам на обвинителско-судските органи
Премиерот Христијан Мицкоски кој беше на отварање на нова хала на фирма во Кочани не сакаше да даде оценка за досегашниот тек на предметот за пожарот во кочанската дискотека Пулс.
„Се воздржувам да коментирам изминатиов период и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат работата. Колку што знам, покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, така што не би сакал дополнително да коментирам“, рече Мицкоски.
Иако обвинителството го испрати обвинението до Кривичниот суд, се уште нема став од судот, дали го прифаќа обвинението, по што обвинетите би требало да седнат на обвинителна клупа.
Слично
