Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за посетата на Кошта: Сакаме разговори со Софија, ние сме сериозни луѓе

Мицкоски за посетата на Кошта: Сакаме разговори со Софија, ние сме сериозни луѓе

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што очекува од посетата на Кошта и дали може да има поместување од владините „црвени позиции“ во однос на евроинтегративниот процес, порача дека Владата е подготвена за разговори, но дека тие треба да се водат сериозно и со јасен пристап.

Мицкоски беше прашан дали постои можност за некакво поместување, гаранции или иницирање трилатерална средба меѓу претставници на Македонија, Бугарија и Европската Унија. Тој во одговорот посочи дека Македонија сака да разговара со Софија, но оцени дека од другата страна повторно се повторуваат исти ставови.

„Ајде со Софија да разговараме. Па, тие повторно истото го повторуваат, како расипана плоча. Во суштина, ние сме сериозни луѓе, сакаме да разговараме. Нас треба ден однапред да ни кажат: таму и таму дојдете, и ние ќе разговараме“, изјави Мицкоски.

Тој се осврна и на состојбите во Бугарија, наведувајќи дека источниот сосед се соочува со внатрешни реструктуирања по изборниот процес, како и со економски предизвици. Според Мицкоски, таквите состојби создаваат недоверба во процесот.

Прашањето до премиерот дојде во контекст на посетата на Кошта и можноста Европската Унија да помогне во отворање нов простор за разговори меѓу Скопје и Софија, без притоа да се нарушат владините црвени позиции.

Слично

Поврзани вести