Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за палењето на возилата на бугарската амбасада: Лицето е на распит за да ги видиме мотивите

Мицкоски за палењето на возилата на бугарската амбасада:  Лицето е на распит за да ги видиме мотивите

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на „Алсат“ го осуди денешниот инцидент пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, во кој маж запали два автомобили паркирани пред амбасадата. Осомничен за инцидентот попладнево е уапсен, а Мицкоски вели дека полицијата ги испитува мотивите. 

„Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи“, рече Мицкоски во дневникот на „Алсат“.

На прашањето за информација околу тоа дали се работи за изолиран случај, Мицкоски посочи дека тој би се воздржал од дополнителни коментари, како и дека осомничениот го признал делото, а надлежните го испитуваат, по што се очекуваат повеќе информации.

Полицијата информираше дека се работи за лице од Скопје на возраст од 44 години. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести