МИЦКОСКИ ЗА ОНИЕ КОИ ГО КРИТИКУВААT: Mу помагаат на Заев да формира мнозинство
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Сител, за нападите од поранешните функционери на партијата, потенцира дека ваквите луѓе не заслужуваат никаков одговор.
Мицкоски изјави дека тоа се луѓе кои што се најзаслужни за пустошот на Зоран Заев низ земјата.
„Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што се најзаслужни што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија. Ова се луѓето кои што практично ја доведоа во ваква состојба партијата што ја презедов во 2017 година. И повторно истите овие луѓе сега му помагаат на Зоран Заев, во услови какви што се сега, да формира владино мнозинство“, рече Мицкоски.
Вели дека обвинувања кон него се темелат на многу лични навреди.Градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев смета дека Мицкоски треба да си оди.
Со слични реакции се јавија и поранешните функционери кои доаѓаа од оваа партија како Никола Попоски, Никола Тодоров и Сашо Мијалков.
Слично
