МИЦКОСКИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСKA: Политички глодари се обидуваат да спечалат поени
Политички глодари се обидуваат да спечалат поени на загубени животи, вели премиерот Христијан Мицкоски по обвинувањата на екс министерката за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска дека лицата кои извршија убиство кај Мавровска всушност избегале од затвор.
Премиерот денеска изјави дека набљудуваат неколку групи во Скопје и во неколку други градови во државата, кои како што кажа имаат своја логистика и во затворите, а се занимаваат со тешки форми на криминал
„Но, жалам што таков тип на политички глодари не го гледаат минатото и не гледаат што оставија и што правеа додека беа тие во владата и што всушност ние денеска мораме да поразиме, а кое е оставштина и би рекол наследство од тоа време кога СДСМ и ДУИ беа во влада“, вели Мицкоски.
Тој порача дека секој оној што мисли да се занимава со криминал ќе биде фатен и испратен онаму каде што му е местото, зад решетки.
Инаку, Петровска вчера се пожали дека добивала закани и дека ја фотографирале додека се шета.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
