Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

Maкедонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека е подготвен да седне на иста маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и со факти и аргументи да разговара за иднината. Сепак, оцени дека добрососедство не е ако нема меѓусебна почит и ако едната страна е понижена, а другата ликува.

Изјавата на Румен Радев, кој кажа дека се паднати маските и дека новата влада во земјава покажала страв од прифаќање на термините „Бугарин“ и „бугарско“, Мицкоски ги оцени за анахрони и изјави кои се дел од средниот век, а не од современа Европа.

„Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот. Му посакувам на господинот Борисов да ја формира владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Тоа не треба да имате дилема. Но, исто така, мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, коишто виткаа кичма, коишто коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса. Од друга страна во името на европското знаме го ограбуваа народот, ја засрамуваа и понижуваа својата татковина“, рече Мицкоски. 

Инаку, претходно од Софија му одговорија на Мицкоски дека нема да има предоговарање на преговарачката рамка. 

Бугарските медиуми пренесуваат дека претседателот на Бугарија, Румен Радев, истакнал дека најголемиот страв кај политичарите во Македонија е препознавањето на зборовуте „Бугарин“ и „бугарски“.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести