Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за Груевски: Што е тоа што толку го фрустрира и мора да ги пишува тие статуси со многу омраза и гнев?

Мицкоски за Груевски: Што е тоа што толку го фрустрира и мора да ги пишува тие статуси со многу омраза и гнев?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за ситуацијата со екс премиерот Никола Груевски во интервју за Алсат М изјави дека Груевски сега се прави дека ништо не знае, но има докази за оската со ДУИ и СДС, а воедно е добро и да се проговори за поделените УСБ и документи.

„Има некои луѓе и политичари кои секогаш се прават дека се отсутни од времето. И понекогаш се обидуваат поради својата голема фрустрација и самобендисаност да ги навредуваат останатите и тоа го прават на примитивен начин. Тоа што имав да го кажам за оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски го кажав јасно и гласно. Кажав кои се причините зошто тоа го кажувам“, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тоа што го објавил се должи на една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат и до него и до ВМРО-ДПМНЕ.

„Суштината е што е тоа што го натерало Груевски да оди на тие тајни средби во минатото и што е тоа што го натерало да влезе и биде дел од оваа оска која ја предводи Али Ахмети, структура од СДС и Никола Груевски. Што е тоа кое денеска толку го фрустрира и мора ги пишува тие статуси со многу омраза и гнев? Мојата порака е нека е жив и здрав и втората моја порака е „не им правете на луѓето тоа што не скаате луѓето вас да ви прават“, рече Мицкоски.

Неколку дена има контронтации меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Груевски кој е во Будимпешта за тоа дали имало тајни разговори со власта за уставните измени. 

Слично

Поврзани вести