МИЦКОСКИ ЗА ГРУЕВСКИ: Ја затворив таа тема и немам намера повеќе да се враќам
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веќе не сака да го коментира неговиот претходник, Никола Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ е организација, којашто ги обединува луѓето не поради личност, туку околу идејата. Како што кажа не постои ниту еден човек, којшто може да биде над таа идеја. Вака Мицкоски го коментира неговиот судир со поранешниот лидер Никола Груевски кој избега во Унгарија каде доби политички азил. Веќе не сака да го коментира Груевски.
„Ја затворив таа тема и немам намера повеќе да се враќам. Да се фокусираме на идејата, да се фокусираме на иднината на нашата Македонија“, порача Мицкоски.
Мицкоски кажа дека домашни политички елити прават обиди за влијание врз Врховскиот суд.
Груевски тврдеше дека Мицкоски шири омраза и лаги за него, кога спомнува соработка со власта. Eкс премиерот во последно време имаше повеќе коментари за политичките случувања во Македонија.
