МИЦКОСКИ ЗА ГРУБИ: Имаме индиции дека се наоѓа во регионот
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат индиции дека поранешниот министер Артан Груби се наоѓа во регионот.
„Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор“, рече Мицкоски.
Тој го гостување на телевизијата Алсат М, кажа дека Груби кукавички избегал, но државата прави сè бегалците од правдата да се обезбедат и да се вратат дома.
фото Влада
