ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека на провокациите на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев не треба да им се обрнува внимание затоа што Георгиев „одработува“ и според него, тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“, како кога „глушецот го задева лавот“.

„Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставете го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се“, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот“, кажа Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

ad
Слично

Поврзани вести