МИЦКОСКИ ЗА ЕУ: Цената која ја дале македонските граѓани е толку голема што не може да се утврди
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Унгарија изјави дека стратешката цел на Македонија е да стане членка на Европската Унија (ЕУ), а цената која ја дале македонските граѓани е толку голема што не може да се утврди.
Мицкоски изрази надеж дека процесот ќе биде откочен и наскоро ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер и срамен.
Орбан кажа дека процесот на зачленување на Македонија во Европската Унија трае премногу долго, а за тоа не е одговорна Македонија, туку членките на ЕУ.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
Слично
