Мицкоски за ЕЕС системот: Македонците повеќе да одат на одмор дома, имаме прекрасни езера и планини
На Евзони викендов возилата чекаа да преминат и по неколку часа. Тоа беше само 1-ви мај. Летото носи 10 пати повеќе патници. Македонија бара одложување на ЕЕС системот, Грција до сега го суспендирала системот само за британските патници, а за Србија дала усно ветување. За Македонија одговорот доаѓа по 15 мај.
Официjален одговор се очекува после 15 маj. Во зависност од одговорот на грчките власти можни се две сценарија. Ако се изземат Македонците од новиот европски систем ќе се избегнат долги чекања на граница во екот на туристичката сезона. Но ако одговорот е негативен, се очекуваат огромни гужви, километарски колони и повеќечасовно чекање на граничните премини, што значително ќе го отежне патувањето кон летувалиштата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето на денот на Гоце Делчев во Скопје рече дека Македонците не треба да очајуваат поради оваа ситуација и да ја искористат за да ги посетат домашните дестинации и омилени места.- Јас не би коментирал многу за тој начин на однесување. Имаме одредени разговори во рамките на Европската унија како да се надмине. Ако претставуваат проблем годишните одмори, имаме прекрасни езера, прекрасни планини.
Имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани да ги поминат своите летни одмори на македонските планини и езера. Да ги посетат македонските села, затоа што имаме прекрасна земја, рече Мицкоски.
