Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за Димитар Ковачевски како можен наследник на Заев: Не направи ниту една реформа

Мицкоски за Димитар Ковачевски како можен наследник на Заев: Не направи ниту една реформа

На Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не му се допаѓа можниот избор на Димитар Ковачевски, заменик-министерот за финансии, како наследник на премиерот Зоран Заев.

Мицкоски смета дека името кое што се спомнува како можен наследник на Заев не може да се пофали со ниту една, како што вели тој, брилијантна реформа во сферата на монетарната политика, туку напротив како што рече тој доколку се погледне дефицитот изнесува повеќе од 500 милиони евра.

- Не мислам дека од ова ќе излезе значаен и квалитативен исчекор, бидејќи овој човек (Ковачевски) досега беше заменик-министер за финансии и ние во тој период немаме некаква брилијантна реформа во сферата на монетарната политика, напротив доколку го погледнете дефицитот ќе се уверите дека изнесува повеќе од 500 милиони евра, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, на висина од 250 милиони евра, што значи дека имаме двојно повеќе дефицит од капитални инвестиции. Долгот е сè поголем, економијата е ужасна, а на ниско ниво се и директните странски инвестиции, како во ниту една земја од регионот. Албанија, Косово и Србија се далеку од Македонија по глава на жител, вели Мицкоски во интервјуто за „Плусинфо“.

Според претседателот на најголемата опозициска партија, со тоа што Заев номинира лице „коешто е релативно непознато за јавноста“ верува дека на тој начин јавноста ќе заборави на лошите политики на власта.



Слично

Поврзани вести