Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски за „Безбеден град“: Имаме толеранција од 15 oтсто за да се навикнат граѓаните

Мицкоски за „Безбеден град“: Имаме толеранција од 15 oтсто за да се навикнат граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првиот ден од функционирањето на системот  „Безбеден град“ поминал без поплаки од граѓаните.

Тој откри важен детал за начинот на кој ќе функционира системот во почетната фаза – Владата и МВР одлучиле да го зголемат прагот на толеранција на 15 проценти над дозволената брзина. Ова е над европскиот стандард кој изнесува 10 проценти.

„Владата и МВР одлучија на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем и да не бидат казнувани веднаш. Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки (10 oтсто)“, изјави Мицкоски.

Премиерот вели дека суштината на проектот не е полнење на буџетот, туку намалување на сообраќајните незгоди и спасување на човечки животи.

Слично

Поврзани вести