Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

Нема да бидеме жртва на билатерализацијата на процесот на пристапување кон Европската унија, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека имаат црвени линии. 

Вели дека македонските граѓани направија доволно отстапки. 

„Ние кажавме што можеме да направиме и тоа е максимумот. Tоа им е кажано на сите светски фактори, на сите луѓе кои одлучуваат или имаат некаква улолога во светската политика“, изјави Мицкоски.

Премиерот вели дека Македонија има „комплетно иста, усогласена меѓународна и одбранбена политика со ЕУ“.

„Ги разбираме, одлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред. Нека не остават да си ги решиме домашните проблеми. Нам ни требаат инвестиции, повеќе вработени, добро платени вработени. Усогласени сме со европските регулативи и пак ќе се усогласуваме. Не треба да се грижат, не сме ние опасност за никого, нема овде никакво влијание, овде има европско и народно влијание. Пет месеци нема скандали. Да си ја завршиме домашната задача, која пак ќе биде според европските правила. Ние веруваме во вредностите каде се напредува по заслуга, а не со понижување на другите“, рече Мицкоски.

Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија рече дека очекува Македонија да го промени Уставот и „ништо помалку, ништо повеќе“.

Таа додаде дека не може да даде гаранции дека во иднина Бугарија нема да блокира. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести