Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

МИЦКОСКИ ЗА АРСОВСКА: Немаше план, јас ја повикав бидејќи бараше средба

Премиерот Христијан Мицкоски очекува денеска или утре градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да го презентира планот пред советничките групи. 

За средбата во Владата која се одржа пред два дена на која, покрај Мицкоски и градоначалничката, присуствуваше и министерот за локална самоуправа Златко Перински, премиерот рече дека таа дошла без план. 

Дополнително, како што кажа премиерот, прво ќе треба да се разгледа новиот план кој би го понудила Арсовска, а потоа, како што кажа, ќе направат сè за да се заштити интересот на скопјани.

„Немаше план. Јас ја повикав бидејќи бараше средба, но план не слушнав. Дадов неколку идеи. Очекувам денес или утре да организира координација со советничките групи и да го презентира планот конечно“, вели Мицкоски. 

И Арсовска вчера изрази незадоволство од средбата и обвини дека советниците ги блокираат проектите. Скопје има многу проблеми, но клучни се собирањето на сметот и јавниот превоз. 

Слично

Поврзани вести