Мицкоски: Вратата за коалицирање не е затворена кон никого
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното интервју за Гласот на Америка повтори дека „вратата не е затворена за никого“ за коалицирање на неговата партија.
Овој одговор Мицкоски го даде на паршањето „Со кого би коалицирале доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои доволно пратеници за самостојно да формира влада? Имавте изјава дека гледате кон Левица. Уште ли е тоа опција?“
- Немав јас таква изјава, мојата изјава беше дека во политиката никогаш не се затвора вратата и тоа е секогаш принцип, не само во Македонија туку секаде во светот. Во политиката никогаш не вели никогаш. ... Не би било одговорно и незрело би било од мене и од ВМРО-ДПМНЕ да ја затвори вратата за било кој политички субјект. Впрочем вечерта некаде 20.30 или 21.00 часот точно ќе се знаат распоредот на силите во новиот состав на парламентот и ќе се наѕираат контурите на новата коалиција која што ќе ја предводи, се разбира, ВМРО-ДПМНЕ, гласи неговиот одговор.
Владеачката СДСМ во изминатите денови го критикува лидерот на најголемата опозициска партија дека со оваа негова претходно дадена изјава остава простор за коалицирање со Левица.
