Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Водиме преговори за преземање на земјиште кај СЦ „Борис Трајковски“ за изградба на новиот клинички центар

Мицкоски: Водиме преговори за преземање на земјиште кај СЦ „Борис Трајковски“ за изградба на новиот клинички центар

Владата останува на ставот дека новиот клиничкиот центар во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и подземно да се поврзе со Градската болница „8 Септември“, изјави на денешниот брифинг премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека според Владата, ова е најдоброто решение.

„Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот ‘Борис Трајковски’. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница ‘8 Септември’. Тука ни се ПЕТ-центарот и Поликлиниката ‘Букурешт’ и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс“, рече Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите. 

Земјиштето на кое би требало да се гради новиот клинички центар, како што рече Мицкоски, е приватно, а Владата во моментов е во преговори со сопственикот на парцелата. Се преговара да се направи трампа земја за земја.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести