МИЦКОСКИ ВО ПРЕДНОВOГОДИШНОТО ОБРАЌАЊЕ: Имаме општествен, политички и економски застој
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето предновогодишно обраќање до граѓаните изјави дека мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата.
Вели дека имаме општествен, политички и економски застој.
Тој вели дека дијалогот е двостран процес, а за него е неопходно разбирање и поддршка базирана на принципиелни основи.
„Секако дека има работи за кои како партија ќе оцениме дека вреди да се поддржат и за кои сме убедени дека се од интерес за граѓаните. За да има дијалог, мора да има слобода за искажување на критичката мисла. За да има слобода, мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата. Прогонот раѓа и желба за одмазда, а тоа е бумеранг кој се враќа. Владеењето со страв е еднонасочна улица. Ние не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот“- вели Мицкоски.
Мицкоски рече дека е потребен раст од најмалку 4% за да се подобри стандардот на граѓаните.