Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски во одбрана на Дафина: Трендафилов треба да и се извини на пратеничката

Мицкоски во одбрана на Дафина: Трендафилов треба да и се извини на пратеничката

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во Карпош рече дека претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,Слободан Трендафилов, бил со крвави зеници во неговата реакција откако пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ сними и објави видео на кое беа малолетните деца на синдикалниот лидер.

На прашањето дали го оправдува потегот на Стојановска да објави видео со децета на Трендафилов, Мицкоски рече дека првиот човек на ССМ е тој што треба да се извини затоа што,според премиерот, претерал во реакцијата.

- Секој оној што претендира да биде јавна личност, треба да биде свесен дека ќе биде подлежен и на јавна критика. Некогаш тоа е вистина, некогаш е невистина.Јас можам да кажам за мене,во мојот случај, голем дел од критиките се невистинити, но тоа е што е , ние сме ја одбрале оваа професија и со тоа треба да живееме и со тоа имаме одговорности. 

Тој се обидуваше да се претстави како загрижен родител, но барем речникот да му беше попристоен, бидејќи сепак станува збор за жена и мајка. Таму на тоа видео никој не ги покажува малолетните деца на Трендафилов.Јас како што видов, многу е внимавано на тоа,но мораше господинот Трендафилов да биде малку покултурен со својот речник и за сите оние навреди денеска пратеничката Дафина заслужува извинување, речеМицкоски.

Слично

Поврзани вести