Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК

МИЦКОСКИ: Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК

Македонија е избрана во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). 

Нашата земја е избрана со 174 гласа за, во друштво со Португалија, Германија, Франција и други 10 држави.

„Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери. Во изминатиот период Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Денешниот избор во ЕКОСОК е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо. Нашата цел е Македонија да биде држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница. Овој успех е резултат на работа, доверба и одговорен пристап. Продолжуваме да ја зајакнуваме позицијата на Македонија, да создаваме нови можности и да покажеме дека со сериозна работа нашата држава може да биде почитуван и активен дел од глобалните процеси“, пишува на Фејсбук, Христијан Мицкоски. 


Екосок е Економски и социјален совет на ОН. Како еден од шесте главни органи на ОН, тој служи како централна платформа за дебатирање на меѓународни економски, социјални и еколошки прашања и за координирање на различните специјализирани агенции, програми и комисии на ОН.

Слично

Поврзани вести