Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски во Кочани запали свеќа на гробовите на загинатите во Пулс

Мицкоски во Кочани запали свеќа на гробовите на загинатите во Пулс

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кочани ги посети и гробиштата, каде запали свеќи на гробовите на загинатите во пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотеката Пулс. 

Тој таму се сретна и со дел од родителите на загинатите деца, а татко на едно од нив, се огласи на социјалните мрежи. Потегот на Мицкоски го нарече достоинствен и човечки и упати апел до останатите да не ја злоупотребуваат нивната болка за политика.

„Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред се човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно“, напиша Тошо Антов, татко на едно од загинатите деца.


Во пожарот имаше 62 жртви и околу 200 повредени. Родителите досега организираа повеќе маршеви и бараат правда за жртвите. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести