Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски во Брисел: Стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО

Мицкоски во Брисел: Стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет Владимир Ѓорчев, при посетата на Брисел, остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан и пратениците, Маријана Петир и Алојз Петерле кои се дел од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочиле дека стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО алијансата. Европратениците Петир и Петерле ја потврдија поддршката за Македонија и дека и понатаму ќе продолжат со нивните заложби да и се помогне на земјата конечно да ги почне пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.

„На средбата со Вајгл и Кукан, соговорниците се осврнаа на актуелните политички теми и стратешките приоритети на Република Македонија. Европратениците беа информирани за политичкиот прогон кој го спроведува власта во Македонија, при што беа образложени неоснованите обвиненија за тероризам против пратеници, уметници, актери, режисери, архитекти и луѓе од јавниот живот кои се лишени од слобода затоа што не се согласуваат со политиките на актуелната власт“- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ  кажале дека се загрижени за актуелната економска ситуација во државата која по доаѓањето на новата власт се наоѓа во катастрофална ситуација и бележи негативни трендови кои доведоа до намалување на економскиот стандард на граѓаните. Посебен акцент беше ставен и за реформските процеси во правосудството чија реализација заостанува поради злоупотребите на моќта од страна на Владата предводена од СДСМ.

Слично

Поврзани вести