Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија

МИЦКОСКИ: Во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во Албанија има повеќе Бугари отколку во Македонија. 

Тој ја искоментира денешната средба на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков, по која партијата од Мала Речица излезе со соопштение дека „бугарската заедница во Северна Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот“.

Неколку стотини граѓани, вели Мицкоски, го користат бугарскиот јазик како мајчин јазик, и не можеме да кажеме дека тие не постојат.

„Исто како што седум-осум пати има повеќе Бугари во Албанија отколку во Македонија. И тоа е исто така реалност. Не можеме да кажеме дека тие не се реалност. Но, исто така е реалност и македонската заедница во Бугарија. Ако ние зборуваме да ги вклучиме Бугарите во Устав сега, тогаш треба да зборуваме и да видиме македонската заедница во Бугарија какви права има и да ги споредуваме реалноста на бугарската заедница кај нас и македонската заедница во Бугарија. И тогаш можеме да носиме вистински заклучоци“, рече премиерот.

Бугарија бара внесување на Бугари во Уставот. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести