Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никаква дополнителна измена или отстапка во преговорите со Бугарија
Нема да дозволиме договор со Бугарија на штета на Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски е дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никаква дополнителна измена или отстапка во преговорите со Бугарија, бидејќи Македонија отстапи многу повеќе од што смееше да се дозволи.
„ВМРО-ДПМНЕ посакува датум во јуни, но за жал такво нешто најверојатно не е возможно поради тоа што Европската унија гледа до кој степен во нашата земја владеат криминалот и корупцијата, а тоа сигурно не се вредностите кои што ќе и помогнат на Република Македонија на патот кон евроинтеграциите“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на телевизија Сител.
За ваквиот став беше известен и Европскиот совет.
