Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценува за незрело oднесувањето на Османи

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценува за незрело oднесувањето на Османи

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и го оценува за незрело и скандалозно однесувањето на потпретседателот на Владата, Бујар Османи кој по сопствена оценка и поради причини кои никако не ја засегаат Република Македонија одлучил да не учествува на регионалната конференција на која се преставувани државите од Западниот Балкан и на која се разговара за европската интеграција на регионот. 

„Македонија за жал пропушта добра шанса да се престави во регионот и да ги застапува своите интереси“- вели во видео обраќање претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

Оценува дека приватизирањето на државата за свои лични потреби и индивидуални маркетинг цели штети на интересите на државата.

„Министрите во Владата се платени од граѓаните да ги преставуваат интересите на  Македонија и тоа е единствената и најважна агенда и обврска на секој еден функционер.  Ваквиот дипломатски скандал отвара повеќе дилеми: Дали учеството на Самити во иднина ќе зависи од тоа кои држави се поканети во регионот  и дали владата има донесено одлука за тоа? Доколку се работи за изолирана одлука, дали владата ќе покрене прашање за одговорност за дипломатскиот скандал и каква ќе биде таа?“- прашува Мицкоски.

Вели дека ваквиот незрел однос е само приказ за општиот однос на Владата кон интеграцијата на регионот каде како земја имаме целосна стагнација.

Османи пак кажа дека одлукаата ја донел како Европеец, а не како Албанец. Во Бања Лука не беше покането Косово, поради што и Албанија не учестуваше. 

Слично

Поврзани вести